Има чесни луѓе, 32 годишен тетовец пронашол торбичка со пари и ја вратил на сопственикот
На 31 декември пред влезот на Тетово кај клучката „Север“ 32 годишен тетовец забележал торбичка во која имало лични предмети и документи, како и паричник со денари и девизи, пишува Слободен печат.
Тој ја зел тробичката и за кратко ја предал на патролната служба на сообраќајната полиција кој била во непосредна близина.
Полициските службеници веднаш реагирале, го пронашле сопственикот и му ја предале торбичката. Се работи за 41 годишен скопјанец кој искажал големо задоволство за хуманиот потег и чесноста на тетовецот.
Настанот ни го потврдија и од Секторот за внатрешни работи Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Последен пат го направи ова денот кога…
Руското Министерство за надворешни работи повторно им…
Остар пад на Волстрит: Се избриша постизборниот…
Американските берзи забележаа силен пад во четвртокот,…
Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со амбасадорите…
Барнам: Путин нема да биде поканет на…
Британскиот премиер Енди Барнам изјави дека рускиот…
Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…
Со цел да не се шират шпекулации…