Им било забавно да местат тендери – Се читаа нови разговори меѓу Рашковски и соработниците: “Ова било интересно, уште да има некој да зборува кога се наддава, како на филмовите”
Возбудлив бил првиот работен ден во 2020 година за Драги Рашковски и шестемина кои пред судот одговараат за злоупотреба на службената положба и перење пари. На 2 јануари, од рано наутро, па скоро до пладне траело наддавањето за сообраќајниот софтвер кој обвинетите ѝ го продале на државата за 80 илјади евра. Според пораките презентирани во судница, целата постапка завршила со меѓусебни честитки неколку минути после 11 часот.
-Ова било интересно, уште да има некој да зборува кога се наддава како на филмовите, ќе биде уште поинтерсно.
– Ај, на здравје….честитки!
По шест месеци од изборот, Владата ги исплатила парите за сообраќајната компјутеризирана програма, а обвинетите го чекале Рашковски да ги подели парите.
-Драги ти спомна нешто за распределба, што, како?
-Треба Перо да направи распределба, тој направи на 70 илјади, а не е тој износ. се дел од пораките кои ги размениле сопственикот на „Инвока“ и владин хонорарец кои седат на обвинителната клупа.
Тие, будно ги следеле и новинарските текстови откако јавноста дозна дека Генералниот секретаријат на владата набавила сообраќаен софтвер иако полицијата немала потреба од него.
-Хаос, почнаа да копаат.
-Нема од што да се плашиме, се е легално.
– Ова сега Драги повеќе го притискаат. Демек, зошто не е МВР, зошто преку Генералниот секретаријат.
Пораките се дел од доказите на обвинителството со кое Рашковски и неговите соработници ги товари за штета на државниот буџет од над 300 илјади евра. Според обвинението, Рашковски, со тие пари ги полнел сопствените сметки и предвремено да ги исплати кредитите.
Извор: Сител ТВ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Во живо) Референдум за влез на Македонија…
Јанко Илковски во втората сезона на Тешки…
(Видео) УМС со урнебесна акција: Рашковски е…
"Денес, во центарот на Скопје како УМС…
Започнува cyдењето за Рашковски – се гони…
Судскиот процес против поранешниот генерален секретар Драги…
Доџот на жена му бил kpш се…
Семејството Рашковски испрати писмо во кое реагира…
Рашковски незakoнски ѝ дал дозвола на гостиварска…
Сопругата на поранешниот генерален секретар на Владата…