Им ги исекол крилата на папагалите за туристи да се сликаат со нив, сопственикот доби казна
Два папагали од видот Макао со пресечени крила се наоѓале на плажа во Пефкохори на Халкидики со цел туристи да се сликаат со нив, а по спроведена акција, сопственикот бил казнет со 20.000 евра, а папагалите одземени, јави дописничката на МИА од Атина.
Веста ја објави на социјалните мрежи групата волонтери за спасување и заштита на животни „Animal Rescue and Defence Squad“, која посочи дека учествувале „во исклучително успешна операција заедно со грчката полиција од Касандра, шумската служба на Халкидики и општина Касандра“.
Објаснија дека по наредба на обвинител, „двата папагали Макао кои се користеа за профит на плажата на Пефкохори беа одземени“, паралелно била поднесена тужба за пасивна злоупотреба и била изречена соодветна административна казна во висина од 20.000 евра.
– Да се надеваме дека ќе помогнеме да се намали феноменот на користење на животни за профит, коментираа од невладината група.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем сајбернапад врз Европската комисија: Можно е…
Европската комисија била цел на голем сајбернапад…
Трамп: САД не ја поддржуваат независноста на…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…
Паланчани во сабота излегуваат на протест против…
Жителите на Крива Паланка во сабота излегуваат…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна…
Филипче и СДС упорно ја повторуваат истата…
Северна Кореја ги проширува капацитетите за збогатување…
Северна Кореја ги проширува капацитетите за збогатување…