Ина Многуфина за убиството на Росица во Велес: Истрагата да почне од тие што не постапиле кога барала помош, да знаеме кој плаќаме, а не помага!
*Објава на Фејсбук на Ина Многуфина
Росица (31) барала помош. Барала помош кога ја тепал, барала помош кога и се заканувал, барала помош кога и ја запалил колата, барала помош кога видела дека не и помага никој и се плашела дека ќе ја убие. Ја убил. И нејзе и татко и. И сега ќе тече истрагата по кој редослед и како. Истрагата може да почне од тоа кој не постапувал? СВР Велес, ЈО, не знам, некој не постапувал. Некој сметал дека овој човечки отпадок треба да е на слобода и да може да ја малтретира. Некој не видел проблем во тоа. Прашањето е кој? Тоа сакаме да знаеме, кого плаќаме за помош, а не помага? Зошто институциите не и помогнале на Росица по толку молење за помош? Некој мора да понесе одговорност, Росица и татко и немаат само еден убиец. Со години збориме дека не се постапува, дека треба законот да се смени, ништо. Звук од штурчиња и ветерче во позадина. Кој дозволи убиецот да е на слобода по толку пријави? Кој?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсена велешанка која се обидела да го…
Полицијата во Велес уапси 30-годишна велешанка поради…
Велешанка физички нападната во нејзиниот дом
71-годишна велешанка пријавила дека во нејзиниот дом…
Израел уби висок генерал на либанската армија
Израелската војска тврди дека возилото влегло во…
Хорор во Црна Гора: Косовски државјанин ја…
Башким Гаши (46), косовски државјанин, е уапсен…
Телото најдено во буре е на српскиот…
Институтот за судска медицина „Милован Миловановиќ“ до…