Инвестициски бум во Србија: Мерцедес и Тојота отвараат нови фабрики
Република Србија може да добие две нови фабрики на познатите автомобилски компании „Мерцедес“ и „Тојота“, јавуваат српските медиуми.
Магазинот Недељник пишува дека биле започнати преговори за градење на фабриките, повикувајќи се на добро информиран претприемач вклучен и во германската и во српската бизнис заедница.
„Преговорите се во тек со неколку светски произведувачи на автомобили. Најдалеку се отидени преговорите со Мерцедес“, потврдил за Б92 висок функционер на српската влада.
Како што пишува Недељник, јапонскиот гигант „Тојота“ испратил писмо до општината Инѓија. Најавена е изградба на фабрика за автомобили вредна милијарда евра, потврдил претседателот на општината Инѓија Владимир Гак.
„Прашањето кое виси во воздух додека не стигнат повеќе информации за овој аражман е дали Тојота проценила дека ѝ се потребни нови капацитети (покрај фабриките во Турција и Чешка) за „напад“ на европскиот пазар и верува дека Србија е добро место за таа стратегија“, наведува Недељник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија дала над 110.000 евра на здруженија…
Од 2023 година, Управата за дијаспора на…
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…