Индира Кастратовиќ влегува во Куќата на славните на ЕХФ
Поранешната македонска ракометна репрезентативка Индира Кастратовиќ, доби место во Куќата на славните, како второ ракометно име од Македонија, по Кирил Лазаров.
Влезот во елитното друштво официјално ќе се случи на 14 декември, во пресрет на финалето од Европското првенство за жени на кое учествуваше и Македонија.
Во Куќата на славните ќе влезат 7 ракометарки и 14 ракометари, кои ќе им се приклучат на повеќе од 50 легенди кои беа први примени во јуни минатата година.
Уште две познати имиња кои станаа европски прваци со македонски клубови се најдоа на списокот. Тоа се романската голманка Луминица Дину, која со Индира се искачија на европскиот тронот во 2002 година, како и Иван Чупиќ.
Од останатите, има уште ред други звучни имиња како Ања Андерсен, Никола Карабатиќ, Микел Хансен, Игор Вори…
Индира Кастровиќ е синоним за женски ракомет во Македонија, која доминираше со Кометал Ѓорче Петров со 12 титули и 12 Купови и тоа сите по ред во периодот 1995-2006.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Нема да нѐ снема“ – граѓаните на…
Со едноминутно молчење во знак на почит…
Пијан охриѓанец правел хаос на улица: Уапсен…
На 07.11.2026 во 23.45 часот, на улица…
Разбудени од кома двајцата полицајци што го…
Полициските службеници Јакуб Кулик и Артур Морањски,…
ЕК го пофали напредокот, приходите над 2,1…
Царинската управа во 2025 година собрала над…
Тешко повреден пешак во Скопје, го удриле…
Вчера околу 13:40 часот на паркинг просторот…