Објавено на:

Индиската морнарица го зазеде бродот „Руен“ од сомалиски пирати и спаси 17 членови на екипажот

t

Индиските поморски сили, вклучително и специјални командоси, заробија товарен брод киднапиран од сомалиски пирати, спасувајќи 17 членови на екипажот, изјави портпаролот на морнарицата.

Индиската морнарица на социјалната мрежа „Икс“ објави дека сите 35 пирати на бродот „Руен“ со знаме на Малта се предале и дека било проверено дали во бродот има нелегално оружје, муниција и шверцувана стока.

Бродот „Руан“ беше киднапиран минатата година, а морнарицата соопшти дека го пресретнала вчера.

Бродот можеби се користел како база за запленување на товарен брод под знамето на Бангладеш во близина на брегот на Сомалија претходно оваа недела, соопштија морнариците на Европската унија. /МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светско признание за „Безбеден град“ – Тошковски…

Македонскиот проект за унапредување на сообраќајната безбедност…

Почна вакцинацијата на овците и козите против…

Масовната вакцинација на овците и козите против…

Изградивме блиски врски со грчката полиција, заедно…

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар…

Голема акција на МВР во Макстил!

Екипи на МВР по наредба за Основното…

Мајка си го продала бебето во Грција,…

Две жени во Грција се соочуваат со…