Индија направи голем чекор: Прво успешно тестирање на ракетниот систем „Куша“
Индија денеска успешно го изврши првото тестирање на ракетата „Куша“, систем земја-воздух со долг дострел – соопштија индиските власти.
Тестирањето го спроведе Организацијата за истражување и развој во одбраната (DRDO) од островот „Д-р АПЈ Абдул Калам“, крај брегот на источната сојузна држава Одиша.
Индискиот министер за одбрана Раџнат Синг на социјалната мрежа Икс објави дека ракетниот систем „Куша“ е способен да неутрализира широк спектар воздушни закани, вклучувајќи борбени авиони, ракети, беспилотни летала и големи непријателски воздухоплови на различни височини и на големи растојанија.
Според него, денешното успешно тестирање претставува „важна пресвртница“ за индиските истражувања и развој во областа на одбраната.
„Само мал број земји во светот располагаат со способност за развој на ракетен систем земја-воздух со долг дострел“, истакна Синг.
Тој додаде дека новиот систем ќе ја намали зависноста на Индија од увоз на вакви системи и претставува голем исчекор во зајакнувањето на националната противвоздушна одбрана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: На Украина итно ѝ се потребни…
Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за…
Казнети првите моторџии преку „Сејф сити“: Се…
Министерството за внатрешни работи нашло техничко решение…
Купувате имот, но не можете да живеете…
Новите правила во рамките на програмата „Златна…
Застанал на паркинг во Струга за да…
Вчера во 22:00 часот во Струга, полициски…
МНР: Неточна информација е дека има оштетување…
Во врска со информациите објавени во дел…