Иницијативата за преименување на тетовските улици донесе нови обвинувања помеѓу ДУИ и ВЛЕН
Седницата на Советот на Општина Тетово што треба да се одржи во понеделник, на која ќе се расправа за иницијативата за повторно именување на улиците откако Уставниот суд укина дел од нив, предизвика нови обвинувања меѓу ДУИ и ВЛЕН.
Копретседателот на ВЛЕН и тетовски градоначалник, Билал Касами, изјави дека ако советниците сметаат апсурдот на ДУИ да го направат реалност, тогаш автоматски ќе се оди на нови избори, бидејќи листата на имиња предложена од ДУИ е истата што претходно ја поништи Уставниот суд.
-Доколку советниците сметаат да ја направат оваа апсурдност на ДУИ реалност и да гласаат за таа листа како што е предложена, ризикот е Советот автоматски да оди на реизбор, бидејќи таа листа ги вклучува сите имиња на улиците кои еднаш веќе беа поништени од Уставниот суд поради постапката, а предлогот на ДУИ повторно ја крши истата постапка – изјави Касами.
По оваа изјава ДУИ го обвини градоначалникот за недостиг на политичка и институционална одговорност.
„Билал Касами произведува лажни правни теории. Наместо одговорност, тој бара алиби. Наместо да соработува за решавање на проблемот, се обидува да создаде вештачка криза и да ја искористи како изговор за нови избори. Предложениот список содржи вкупно 67 имиња и, следствено, ова прашање не може да се користи како причина или изговор за распуштање на Советот на Општина Тетово“, стои во соопштението на ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еболата во Конго досега однесе над 3.000…
Над 3.000 лица починаа во епидемијата на…
Му побарале уплата на шалтер, тој го…
Инцидент се случил во Клиничката болница во…
Лефков: Талогот на СДС и Филипче за…
Венко Филипче кој има главна улога во…
Определен притвор за едно лице за претепаниот…
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен…
На 115 години почина најстарата докторка на…
Јапонија се збогува со д-р Шигеко Кагава,…