Иницијатива за утврдување одговорност за Директорката и Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители!

t

Државната комисија за спречување на корупцијата покрена иницијатива до сите надлежни органи за утврдување одговорност на директорката, претседателот и членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители поради прекршување на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, како и на Изборниот законик.

Надлежните институции имаат рок од 60 дена да ја разгледаат и да постапат по оваа иницијатива.

Потсетуваме дека ДКСК отвори предмет за вработувањата во Академијата за судии и јавни обвинители, за време на изборите, за што утврдивме дека е спротивно на законите, а тоа практично го потврдија и Управниот и Вишиот Управен суд, кои ја отфрлија жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители.

Затоа, сметаме дека и оваа иницијатива е целосно оправдана и дека надлежните институции ќе постапат соодветно и во предвидениот рок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петмина обвинители во трка за наследник на…

Петмина јавни обвинители досега поднеле кандидатури на…

Обвинителството бара осуда, одбраната ослободителна пресуда за…

Обвинителството во завршните зборови за предметот во…

Левица: Скандалозен избор на Зајковска во ДКСК

Вчерашната одлука на собраниската комисија со која…

Апасиев поднесува кривична пријава против членови на…

Пратеникот Димитар Апасиев денес објави дека поднесува…