Иницијативи до РЕМ за одземање на лиценцата за емитување на програмата на ТВ Информер во Србија
Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) објави дека денеска до Регулаторното тело за електронски медиуми ќе поднесе иницијатива за одземање на лиценцата за емитување на ТВ Информер.
Како што наведува НУНС, иницијативата ќе биде предадена во 14 часот, а ќе ја предадат организации од граѓанското општество, медиумски здруженија и претставници на студиите по новинарство на универзитетите во Белград, Нови Сад и Ниш.
„Иницијативата е одговор на повеќегодишното и систематско кршење на законите и програмските обврски што РЕМ досега не ги санкционирал“, се вели во соопштението на НУНС.
Синоќа во Белград, група демонстранти се судрија со полицијата, која се обиде да ги оттурне од телевизијата Информер во Белград, во која претходно влегоа и ја прекинаа програмата. Студентската листа реагираше, нагласувајќи дека не поддржува упади во институциите и медиумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Никогаш нема да ја напуштам Србија,…
Александар Вучиќ денеска изјави дека никогаш нема…
Студентската листа во Србија не планира задолжителен…
Задолжителниот воен рок нема да биде воведен…
Поскапуваат кредитите во Србија – централната банка…
Извршниот одбор на Народната банка на Србија…
Рама за победата на Студентската листа: Србија…
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Србија,…
Во Србија од 1 јануари се зголемува…
Жените во Србија од 1 јануари 2027…