Инспекторите во државава останаа без декемвриската плата поради доцнење од Министерството за финансии
Речиси илјада вработените во сите инспекторати во државата се уште не зеле плата за декември, иако вчера истече и последниот законски рок, соопшти Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на УПОЗ на третиот ден од протестите на голем дел од администрацијата, овојпат пред Државниот завод за статистика. Вината за ова, Деаноски ја насочи кон Министерството за финанансии, кое навреме не си ги исполнило нивните законски обврски, а за да биде поголем проблемот, не се знае дали воопшто и кога вработените во инспекторатите ќе добијат плата.
-Во најдолгиот месец од годината, 988 вработени во сите инспекторати немаат декемвриска плата, а ги чекаат обврски и кредити. Министерството за финансии не си ги исполни своите обврски, согласно законските измени – информира Деаноски.
Од Синдикатот на УПОЗ уште еднаш потсетија дека ова не е штрајк, туку протест. Оттаму додадоа дека штрајк значи неизвршување на работните обврски.
-Денес сме пред ДЗС, чии што вработени вршат многу сложени и важни работи, а нивните плати се меѓу најниските во државата. Доколку вработените во оваа институција не извршат само една нивна задача, како што е на пример пресметката на просечната плата на ниво на држата, во прашање ќе се доведе работата на многу институции, а последиците ќе ги трпат граѓаните. Затоа, се решивме на получасовен протест за да граѓаните и компаниите не трпат никакви последици – објасни Деаноски.
Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, повторно не сакаше да открие во кои министерства се врши притисок врз вработените да не протсетираат, а најави дека на средба со претставниците на синидкалните организации ќе решат во каква форма ќе продолжат протестите.
-Нашите барања не се решаваат на Економско-социјалниот совет, туку со ресорните министри и со дозвола од Министерството за финансии, кое треба да ни дозволи да ги користиме средствата од Буџетот. Затоа, Владата наместо да пишува соопштенија, треба да ја посвети енергијата на решавање на овој проблем. Ние добивме поддршка од ресорните министри, Колективните договори се готови, само не се потпишани, иако нема ни законска, а ни уставна пречка, уште еднаш потсети Деаноски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…