Инспекторите на Град Скопје имаа работа: 72 возила затекнати на зелени површини
Инспекторите на Град Скопје во текот на изминатата недела при вршење редовни контроли санкционирале 72 граѓани што своите возила ги паркирале на зелени површини. Непрописно паркираните возила од јавните зелени површини се отстранети со специјалните возила пајак.
Инспектори при контролите изрекле и 14 казни за паркирање на зелена површина, односно им оставиле белешки за парична казна по Законот за урбано зеленило.
Градот Скопје го продолжува засилениот инспекциски надзор за да овозможи почитување на прописите, a Инспекторатот продолжува со засилени контроли на јавните површини. Неселективно ќе се санкционираат сите што не го почитуваат законот.
Инспекторите ги повикуваат граѓаните да ги пријавуваат несовесните возачи што паркираат на зелени површини за да можат да излезат на терен и да ги санкционираат. Воедно упатуваат и апел до граѓаните да го чуваат јавното зеленило и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта низ градот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пример за чесност: Младиот Огнен што пронајде…
Чесноста на дело ја покажа 18-годишниот Огнен…
Макрон под притисок од улицата: Најавува мерки…
Францускиот претседател Емануел Макрон најави владини мерки…
Дипломатска мисија во Техеран: Саудиска Арабија, Турција…
Високи претставници на Саудиска Арабија, Турција и…
Франција заплени 68 кг кокаин, информациите ги…
Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка…
ЕВЕРЕСТ НА ВОДНО: Жарко и Емилија со…
Жарко Терзиевски и Емилија Лазареска го завршија…