Инспекторите на терен: Повеќе лица завршија зад решетки по акциската контрола во угостителски објекти
Повеќе лица се приведени поради различни основи во ноќешната акциска контрола за проверка во угостителските објекти дали престојуваат и им се точи алкохол на малолетници, нарушување на јавен ред и мир. Опфатени биле повеќе локали.
Во акциска контрола спроведена ноќеска (5 февруари), десетина минути по полноќ, во угостителски објект на улица „Димо Гавровски-Кара“ во Тетово полициски службеници на СВР Тетово го привеле 37-годишниот тетовец В.Н. кој се однесувал агресивно додека преземале службени дејствија.Во друг угостителски објект на излезот од Тетово, во 1 часот и 30 минути приведени се И.А.(20) од Тетово и А.Б.(26) од скопско Рашче кои не поседувале документи за идентификација, а во угостителски објект на улица „ЈНА“ во Тетово, дваесетина минути по полноќ, приведен е 26-годишниот А.З.од Тетово поради нарушување на јавниот ред и мир, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Според информациите на портпаролот во истиот објект било затекнато и малолетно женско лице од Косово кое консумирало алкохол, по што му било предадено на нејзин роднина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Очекувам аукцијата за отуѓување на акциите…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување…
Приведен е братот на Виктор Орбан осомничен…
Братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан,…
Мајка донела пакет за синот во „Идризово“,…
При редовна проверка на пакет во затворот…
Искршени плочи на гробишта во Скопје по…
По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…
Пет дена боледување од матичен – Нови…
Од 1 декември се менуваат правилата за…