Инстаграм „ГОРИ“, се расоблече НИНА БАДРИЌ: „Блескаш“, „сјаеш“, „светиш“…

t

Хрватската пејачка Нина Бадриќ стапи во контакт со обожавателите од одморот на Малдивите и објави неколку фотографии на кои се гледа нејзината заносна фигура.

Бадриќ ужива на одморот, од каде редовно објавува фотографии на социјалните мрежи, на општо задоволство на нејзините фанови.

Бројни коментари „слетаа“ на нејзиниот профил, а особено е убаво што главно доаѓаат од жени.

Не сме навикнати на разголени фотографии од познатата пејачка, но мора да признаеме дека сме пријатно изненадени. Ништо не е нападно, а можеме да видиме дека пејачката се погрижила за линијата, како и дека одлично се забавува на одмор.

Прекрасната плажа со тиркизна вода и бел песок го одзема здивот. И црниот костим за капење одлично ѝ прилега.

Инаку, само да ве потсетиме, дека оваа убавица има 50 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ