Институтот за судска медицина се уште не го добил предметот од Обвинителството за мала Јана

t

Дали ќе се бара кривична одговорност од лекарите во Битолската болница за смртта на малата Јана ќе се знае откако Судска медицина во Скопје ќе изготви вештачење, најавија од Обвинителството пред неколку денови.

Институтот за судска медицина се уште не го добил предметот од битолското Јавно обвинителство за шест годишната Јана. Јавното обвинителство по добиените резултати од обдукцијата отвори истрага и најави дека ќе побара вештачење од страна на Институтот за судска медицина на целиот предмет за да се утврди причината за смртта не шест годишното девојче, кое почина пред месец иполовина во битолската болница.

„Обвинителството штом покренало истрага мора да разјасни и да има одговори на одредени прашања и врз основа на тие одговори ќе се реши дали да ја сопре истрагата или ќе покрене обвинение. Тука се праќа предметот на вештачење врз основа на целокупната медицинска документација, резултатите од обдукција и ние врз основа на целокупната документација ќе дадеме одговори на поставените прашања“, објаснува Александар Станков директор на Институт за судска медицина.

Станков вели дека вештачењето треба да ги даде одговорите: Дали постои грешки во третманот со прегледување на поставените дијагнози врз основа на доказите кои ќе им бидат доставени. Станков вели дека овој предмет одма ќе се разгледа во интерес на вистината.

„ Не е ова преиспитување, ова е вештачење. Обдукцијата е еден вид собирање на материјални докази. И врз основа на тие материјални докази се прави вештачење. За овој случај нема да се врзуваме со рокови и ќе дадаме приоритет на тоа вештачење, бидејќи има голем интерес јавноста и секако ќе работиме најсовесно.“, вели Станков за Канал 5.

Јана почина во битолската болница додека примала инфузија. Родителите ја однеле во болница поради повраќање и дехидрираност. Тие се соменваат во лекарска грешка, бидејќи таа имала зголемен шеќер во крвта, а и било дадено да прими гликоза и починала.

Обвинителството се уште ги чека резултатите и обдукацијата од новорденчето кое почина по самото раѓање во битолската болница. 24 годишната родилка со обвинение дека има лекарска грешка и ненавремена реакција. Родилката пред четири дена реагираше дека се уште не добила отпусна листа дека е пуштена од болница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес се празнуваат Светите Козма и Дамјан

Бесребреници и чудотворци. Браќа по тело и…

За влакно избегната трагедија во Битола: Излог…

Силен ветер предизвика сериозни штети во Битола.…

Бомба пронајдена во центарот на Даблин, во…

Експерти за експлозивни направи од ирската армија…

Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со повремени локални врнежи од…

Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…

Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…