Институциите преполовени, административците врзаа празник со викенд

t

Овој понеделник не започна како работен ден за сите во администрацијата, посебно за оние кои си направија продолжен викенд, иако само вторник е неработен ден. Алсат посети многу институциите и секаде на работа имаше дојдено малкумина. Некои дури и ни рекоа дека се каат што дошле.

“Тоа што нашите државни функционери сакаат да си дадат одмор се гледа и денеска. Два часа пред зградата на Владата нема движење. Поради тоа што е понеделник, а утре е празник, повеќето го врзаа викендот за да добијат продолжен одмор. Но, има и такви кои земале слободни денови, а кои се на пониски позиции во државната администрација”, изјави новинар на Алсат, Аднан Ќаили.

 Слична ситуација и во Министерството за правда и во МНР, низ дирекциите, а многу други институции. Граѓаните имаат различни коментари.

 За нас обичните работници не важи, а за нив е во ред. Дали тоа значи дека треба да работите со полно работно време? Да, човек мора да работи. А, зошто не и тие? Зашто не сакаат да работат. Сакаат да крадат, сите оние коишто се на функции.

 На своите работни места ги нема, но затоа многу државни службеници се активни на социјалните мрежи, објавувајќи фотографии од различни туристички локации во соседните земји. Далеку од очите на јавноста и понатаму остануваат раководителите на институциите.

 Спорадично движење во Министерството за финансии. Граѓаните што ги сретнавме рекоа дека тоа не е фер, бидејќи во приватниот сектор се работи со полно работно време, а со даноци од нивните плати ги плаќаат административците кои си тераат ќејф.

 Утре е неработен ден за сите граѓани во државата, бидејќи се празнува Денот на Светите Кирил и Методиј. Според годишниот календар, годинава 11 дена се неработни за сите граѓани. Уште 16 други денови се верски или етнички празници, па вкупно има речиси еден месец одмор. /Алсат.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зибери: Зголемен бројот на Албанци, намален бројот…

Констатација е дека речиси сите помалубројни заедници…

Алити во Брисел истакнал дека деполитизирана и…

Министерот за администрација, Адмирим Алити, во рамки…

МИОА: Новиот закон ќе ја деполитизира администрацијата

Законот за висока раководна служба е сосема…

Негриески удри по Владата: Потрошија 820 милиони…

Барањата се едноставни, да се израмнат платите…

Дали ќе има уште еден штрајк? Владата…

Властите и ССМ го започнаа социјалниот дијалог…