Објавено на:

Интензивирани се напорите да се обезбеди договор за прекин на огнот во Газа

t

Се поинтензивни се напорите да се обезбеди договор за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, разговорите продолжуваат денеска во египетската престолнина Каиро, со посредство на Катар. Израел му дал ултиматум на Хамас околу договор за прекин на огнот и ослободување на заложници. Сигналите од Хамас се позитивни, велатделегација патува во „позитивен дух“ по проучување на најновиот предлог за примирје.
Решени се да обезбедат договор што ќе ги исполни барањата на Палестинците. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека „преземањето на примирјето не треба да биде бесмислено“ за милитантната група. Во договорот се уште има области каде што двете страни не се согласуваат. Се чини дека главното прашање вклучува дали договорот за прекин на огнот ќе биде постојан или привремен.

Турција ја прекина целата трговија со Израел поради нејзината офанзива во Газа, истакнувајќи ја „ хуманитарна трагедија“ во појасот. Турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе бидат во сила се додека Израел не дозволи „непрекинат и доволен проток“ на помош во Газа. Претседателот Ердоган истакна дека единствена цел на прекинот на трговските односи, е да се притисне Бенјамин Нетанјаху да се придржува на одлуката за прекин на огнот. Министерот за надворешни работи на Израел го обвини турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека се однесува како „диктатор“. Турција знае дека за овој потег ќе ја нападне Западот, но нема да отстапи.

Нема ништо прифатливо во развојот на настаните меѓу Израел и Палестина. До сега, Израел уби 40 до 45.000 Палестинци без милост. И како муслимани, незамисливо е да стоиме на страна и да гледаме како се случува тоа. Мора да бидат преземени чекори, ние ги презедовме.

Целиот Запад работи за Израел. Сите тие работат за Израел, особено за Соединетите држави. Со мобилизирање на сите овие ресурси, за жал, сиромашните, осиромашените и бедни луѓе на Палестина беа осудени на смрт и соочени со израелските бомбардирања не можевме повеќе да го издржиме тоа. Имавме обем на трговска размена кој достигна 9.5 милијарди долари, рече Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција.
ж
Обидите за мировен договор се одвиваат во исто време со масовните пропалестински демонстрации ширум светските метрополи. Студентите маршираа низ Њујорк по затворањето на еден од последните протестни кампови на Универзитетот, при што беа уапсени некои студенти.

Во изминатите 24 часа во израелските напади во Појасот Газа убиени се 32 Палестинци, а ранети се 41, соопшти нивното министерство. Состојбата во камповите е нехумана. Под шаторите во областа Муваси, јужна Газа, премала беше количината храна за луѓето и децата чии чинии и денеска останаа празни. И во северниот дел на Газа владее „глад“ по повеќе од шест месеци војна меѓу Израел и Хамас и строгите израелски ограничувања за испорака на храна на палестинската територија. Израел постојано врши воздушни напади врз Рафа, тврдејќи дека тоа е последното големо упориште на Хамас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петмина повредени во сообраќајка на патот Кичево…

Пет лица, меѓу кои двајца малолетници се…

Претседателството на ДУИ ќе одржи состанок

Претседателството на ДУИ денеска ќе одржи состанок.…

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Познатиот рапер брутално ја претепал…

Раперот Паф Деди (Шон Комбс) во изминатите…

Чести самопрегледи и заштита од сонце, советуваат…

Чести самопрегледи и заштита од сонце, се…

„Лидл“ го подготвува теренот за соработка со…

Над 130 компании од државава биле запознаени…