Инфлацијата во Грција ќе удри и по “нашите” туристички џебови: Еве колку ќе чинат кафе, гиро и останата храна
Во последните години Грција бележи повисока стапка на раст на цените, речиси највисока во последните две децении, а порастот се однесува и на цените на храната, па на одмор мора да се тргне со полн паричник.
На пример, гирото за носење се продава по цена од 4 евра, а сервирано во чинија достигнува и до 7 евра, пишува „Телеграф Бизнис“.
Аперол шприц на плажа се служи за 8,5 евра, додека шолја „фредо капучино“ чини 5 евра. Пивото е 4,5 евра додека цените на печивата останаа во голема мера исти.
Во Грција и горивото поскапе, но сепак на некои бензински пумпи е поевтино отколку во другите земји во регионот. Статистичките податоци покажуваат дека поскапеле овошјето, зеленчукот, маслото, мастите, лебот, месните производи.
Сепак, за разлика од Германија, каде што недостигаат одредени видови храна, во Грција моментално има се, но со видно повисоки цени. Така обичен леб од 800 грама во Евија чини 2,4 евра.
Грција од 1 мај, повеќе нема да им бара на патниците да покажат доказ за вакцинација, негативен ковид тест или доказ дека се опоравиле од болеста за да влезат во земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…
Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…
Грција ќе ги штити своите F-35 со…
Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…
Во првите седум месеци од годинава Грција…
За 8,6 отсто се зголемил бројот на…
Пожарникар загина за време на спасувачка акција…
При операцијата за спасување и пренесување на…