Инфлацијата во ЕУ надмина 11%!

t

ИНФЛАЦИЈАТА во Европската унија забрза во октомври и надмина 11 отсто, објави Европската статистичка служба, истовремено благо намалувајќи ја проценката за растот на потрошувачките цени во еврозоната.

Годишната стапка на инфлација во ЕУ, мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP), достигна 11,5 отсто во октомври, што е ново највисоко ниво откако Европската статистичка служба почна да објавува податоци.

Во септември беше 10,9 отсто, а во октомври лани 4,4 отсто. Во еврозоната се зголеми од 9,9 отсто во септември на 10,6 отсто во октомври, објави Евростат, намалувајќи ја проценката од крајот на октомври за 0,1 процентен поен.

Намалената проценка одразува поблаг пораст на цените на енергенсите, за 41,5 отсто во однос на ланскиот октомври. Пред две недели Евростат процени дека тие се зголемиле за 41,9 отсто. Во октомври стапката на инфлација во еврозоната изнесуваше 4,1 отсто.

Заедно со скокот на цените на енергенсите, посилен од септември кога пораснаа за 40,7 отсто, главен двигател на инфлацијата беше и зголемувањето на цената на свежата храна, за 15,5 отсто во однос на ланскиот октомври. Во септември цената порасна за 12,4 отсто.

На месечно ниво, растот на цените се забрза во октомври и во ЕУ и во еврозоната, од 1,2 во септември на 1,4, или 1,5 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европски систем за правда и целосен ветинг…

Клучна определба во новиот мандат на СДСМ…

Шолц: Војната во Украина би можело да…

„Никој не може да каже дали оваа…

Орбан: Западот е на чекор од испраќање…

Западот е на прагот да испрати војници…

Цената на природниот гас во Европа достигна…

Цената на природниот гас во Европа достигна…

Пендаровски: Немаме нови 20 години за губење,…

Ние немаме уште 20 години да чекаме,…