Инфлацијата во јануари е намалена за 0,3 проценти
Инфлацијата во јануари е намалена за 0,3 проценти, соопшти денеска Државниот завод за статистика.
Намалувањето, според Државниот завод за статистика, е резултат на намалувањето на трошоците на животот кај транспорт за 4,9 проценти, облеката и обувките за еден процент, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,8 проценти и рекреација и култура за 0,7 проценти.
Зголемување на трошоците на животот е забележано кај алкохолните пијалаци и тутунот за 1,5 проценти, рестораните и хотелите за 1,3 проценти, мебелот, покуќнината и одржувањето на домаќинствата за 0,6 проценти….
Намалување од 1,2 проценти е забележано и кај цените на мало во однос на декември лани.
Во однос на јануари лани, трошоците на живот се зголемени за 3,2 проценти, а цените на мало за 2,8 проценти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Инфлацијата во август е 2,6%
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на…
Мицкоски: Очекуваме раст на БДП меѓу 3,5…
Очекуваме годината да ја завршиме со раст…
БДП пораснал за 4,3% во второто тримесечје…
Државниот завод за статистика (ДЗC) објави дека…