Инфлацијата го јаде растот на БДП: Ќе има ли нови мерки за цените на храната?
Ценовниот притисок го топи економскиот раст. Сè поизвесно е дека годинава инфлацијата нема да заврши на 2,5 проценти, како што проектираше Владата, а економистите за ТВ 24 предупредуваат дека под знак прашалник влегува и планираниот раст на економијата од 3,8 насто.
Новиот нафтен шок веќе се прелева врз трошоците за живот, а дилемата е дали државата ќе остане само на досегашните интервенции или ќе посегне и по нови мерки.
Според гувернерот на Народната банка Трајко Славески ударот сега е посилен од кризата од 2021 година, но уверува дека институциите се поискусни и поподготвени. Според него, девизните резерви се значително повисоки од пред пандемијата, депозитите се стабилни, а Народната банка е подготвена да реагира.
Во меѓувреме, опозицијата обвинува дека кризата веќе се чувствува во маркетите. Според лидерот на СДСМ Венко Филипче, додека храната поскапува Владата нуди дефокус наместо конкретен пакет за граѓаните. Повторно ја повика Владата да ги намали акцизите на горивата за 4 денари, да го укине ДДВ-то за основните прехранбени производи и да ги преполови патарините.
Додека траат политичките обвинувања, Владата денеска на седница разгледува дали ќе има и дополнителни мерки за ублажување на ценовниот удар. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека потрошувачката на горива е зголемена за над 10 проценти и дека намалениот ДДВ го ублажува притисокот. Министерката за енергетика Сања Божиновска уверува дека цените засега се стабилни, а министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска порачува дека со мерките мора внимателно за да не се подгрее инфлацијата. Во меѓувреме, ОКТА го зголеми попустот за дизел на 3 денари по литар и ја продолжи мерката до 6 април.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХАОС ВО ПЕНТАГОН: Американската војска се соочува…
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет наредил…
ПРЕСВРТ ВО ВАШИНГТОН: Трамп тврди дека не…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во…
САЈБЕРНАПАДОТ ВРЗ ЕВРОПСКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ СЕ ШИРИ: Пријавени…
Серија пријавени сајберинциденти насочени кон системите за…
„Меѓуизбори 2026“: Американците утре избираат нов состав…
Во САД утре се одржуваат меѓуизбори (избори…
СИЛНИ ЕКСПЛОЗИИ ГО ПОТРЕСОА ИРАНСКИОТ ОСТРОВ КЕШМ:…
Серија силни експлозии е пријавена на иранскиот…