Инфлацијата е стабилна, декемврискиот раст е резултат на авионскиот превоз, изјави Славески
Податоците за инфлацијата во декември 2025 година укажуваат на стабилност на цените, а регистрираниот месечен раст од 0,4 отсто е статистички изобличен поради драстичниот скок на цените на авионскиот превоз. Ова е оцената на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.
Според него, растот на инфлацијата во декември се должи исклучиво на категоријата транспорт, каде цените пораснале за 5,8%, предводени од енормното поскапување на авионскиот превоз за дури 42 отсто.
„Доколку од пресметката се изостави авионскиот превоз како целосно странска компонента, месечната инфлација би изнесувала точно 0,0 проценти“, појаснува гувернерот.
Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека на годишно ниво, инфлацијата во 2025 година изнесува 4,1%. Најголем годишен раст има кај рестораните и хотелите (7,2%) и храната (5,2%). Сепак, охрабрува податокот дека конкретно во декември, цените на храната и безалкохолните пијалаци забележале пад од 0,4 отсто во однос на претходниот месец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инфлацијата во октомври 3,3 проценти на годишно…
Најновите податоци на Државниот завод за статистика…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…