Инфлацијата расте: Синдикалната кошничка е поскапа за 770 денари во споредба со лани

t

Минималната синдикална кошничка за јануари годинава изнесува 35.811 денари и е зголемена за 770 денари во споредба со декември 2021 година, информира Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Во Синдикалната кошничка најголемо учество од 15.317,93 денари или 42,77 отсто имаат исхраната и пијалаците, со 11.447,24 денари, односно 31,97 отсто учествува домувањето, хигиената е застапена со 6,74 отсто или 2.415,09 денари, превозот со 2.652,27 денари, односно 7,41 отсто, облека и обувки со 2.165,27 денари или 6,05 отсто, култура 1.067,86 или 2,98 отсто и одржување на здравје со 745,34 денари, поточно 2,08 отсто.

Овие бројки според ССМ покажуваат дека е оправдано нивното барање за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто на сите останати плати.

-Најголем пораст на индексите на трошоците на животот е забележан кај централното греење за домаќинствата за 14 отсто, електричната енергија за домаќинствата за 9,4 отсто,… Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот во јануари 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај кафето, чајот, какаото за 4.3 отсто, рибата за 3,5, свежото и разладеното овошје за 3,4, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 2,5 отсто,…, велат од ССМ.

Синдикалната кошничка ги определува минималните трошоци за живот на едно четиричлено семејство на месечно ниво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инфлацијата во октомври 3,3 проценти на годишно…

Најновите податоци на Државниот завод за статистика…

Македонија со пониска инфлација од просекот на…

Годишната инфлација во Европската Унија во септември…

ССМ: Минималната синдикална кошница за месец октомври…

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец…

Дурмиши: Инфлацијата е стабилизирана

Инфлацијата во земјава е стабилна и инфлаторните…

Синдикалната кошница порасна на 69.432 денари –…

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец…