Инфомакс анализа: Зошто се зголемува бројот на сообраќајни несреќи и жртви?

t

Сообраќајните несреќи станаа секојдневие во Македонија, секој ден има нова сообраќајна несреќа, по некогаш и неколку во денот.

Во изминатиот период бевме сведоци на неколку трагични сообраќајни незгоди со кобни последици по животот на некои од учесниците, најчесто пешаци кои беа прегазени.

Сообраќајната несреќа кај Сити Мол во која загина 24 годишна девојка од Радовиш, а повредено беше нејзиното момче, потоа беше прегазен пешак кај ГОБ Осми Септември, прегазен пешак кај мостот Гоце Делчев… Сообраќајни несреќи се случија и во останатите делови од Македонија, повторно најчесто жртви беа пешаци од Битола, Крива Паланка, Прилеп.

Јавното Обвинителство и МВР не објавија детално кои се причините за зголемениот број на сообраќајни несрќи низ градовите во Македонија, но и на регионалните и магистрални патишта.

Инфомакс направи кратка анализа за причините за зголемениот број на незгоди, кои фактори влијаат на зголемување на бројот на несреќите и можните решенија кои ги предлагаат експертите.

Разговаравме со Игор Митревски, дипломиран машински инжинер и Претседател на Здружението за намалување на жртвите во сообраќајот.

Митревски објаснува дека најголем проблем останува институционалниот проблем но во никој случај не смее да се заменари сечија лична одговорност.

Инфомакс, Александра Петровска: Во последно време се случија неколку катастрофални сообраќајни незгоди, во кои имаше настрадани пешаци, превртени возила и.т.н. Што според вас е причината? Дали тоа се пешаците, возачите, недоволното присуство на МВР на терен, или нешто друго?

-Кога станува збор за загуба на човечки живот, секогаш треба да ги разгледаме причините за истата целесообразно, со најголем број на влезни параметри. Би почнал објективно за анализите кои ги прави МВР во последниот период, со кои гордо се настапува во јавност и се бележат драстични подобрувања на оваа тема, од годините претходно.

Негодуваме многу на таквиот начин на третирање на темата бидејќи и една човечка жртва е многу, тоа е нечиј син, брат, пријател и.т.н и не е Европска практика на овие теми да им се дава политичка конотација. Секако тука би ја навел и професионалноста на институциите кои ја третираат оваа проблематика, а може да се констатира дека истата е во слободен пад.

Ние не мора да бидеме екстремо инвентивни, само треба да ги погледнеме примерите од земјите со низок процент на жртви во сообраќајот и да ги имплементираме во Македонија. Со горенаведените искази подвлекуваме дека најголемиот проблем е институционален, но тука не треба да се занемари и сечија лична одговорност во сообраќајот. – вели Митревски.

Митревски објаснува дека инфраструкрутата е важен сегмент, еден од трите најважни кои се истражуваат во современите сообраќајни анализи.

Инфомакс, Александра Петровска: Колку инфраструктурата влијае на зголемениот број на сообраќајни несреќи?


-Современите сообраќајни анализи вклучуваат анализа врз основа на три бази, и тоа : Човек (возач), возило и пат(инфраструктура). Од тој аспект секако дека застарената инфраструктура влијае на зголемување на сообраќајните несреќи. Затоа треба да се прават анализи за состојбата на патната инфраструктура и соодветно да се одржува истата. Инаку сообраќајот во иднина ќе биде многу врзан за инфраструктурата, постојаната комуникација на патот со возилото ќе ја бележи иднината или таканаречените паметни градови или (Smart cities). Континуираното вложување во инфраструктурата, ќе ги подобрува состојбите во сообраќајот. – вели Митревски.

Митревски објаснува дека како Здружение за намалување на жртвите во сообраќајот веќе една деценија се залагаат за формирање на Агенција за сообраќај, по примерот на развиените европски држави кои имаат низок процент на сообраќајни несреќи.

Инфомакс, Александра Петровска: Какви мерки треба да се преземат, за да се намали бројот на несреќи и жртви по патиштата, предложете едно или неколку решенија?


-Сообраќајот е комплексна тема со постојана еволуција, еве ако погледнете само колку се има променето во последните десетина години одкако зачестено ги имаме електричните тротинети на патиштата. Од тука треба и континуирано да се работи на следење на сообраќајните текови а не само полициски патроли по патиштата и глоби на сите страни, кои имаат друга цел а не намалување на жртвите во сообраќајот.
Ние како здружение за намалување на жртвите во сообраќајот скоро една декада се залагаме за формирање на Агенција за сообраќај по примерот на развиените Европски држави и од анализите и контактите кои ги имаме направено со колегите од Европа, можеме да кажеме дека земјите со постоечки сообраќајни тела поуспешно се справуваат со сообраќајните проблеми. Или од еден разговор со колега од Австрија на темата сообраќај ни беше потенцирано, дека сообраќајот веќе не претставува само општествена дејност, гранка туку филозофија на живеење… – завршува Митревски.

Бројот на сообраќајни несреќи секако е загрижувачки, но како што објасни и нашиот експерт, постојат позитивни примери од европски држави кои треба да се следат, а исто така постојат и решенија кои можат да помогнат за намалување на бројот на несреќи и жртви.

Како што кажа и Митревски, не мора да бидеме екстремно иновативни, само треба да следиме позитивни примери и практики.

Интервјуто го спроведе Александра Петровска.

Линкови од вестите за споменатите сообраќајни несреќи:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Не веруваме дека ќе ги најдеме живи“…

Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шест…

(Фото+видео) Во Монголија експлодира резервоар со 60…

Во Улан Батор, Монголија, дошло до експлозија…

Голема трагедија го потресе цел Балкан: Во…

Во сообраќајна несреќа која се случила вчера…

Седница на Централниот одбор на СДСМ, Митрески…

Се цртаат политичките контури – предлогот Јован…

Политички аналитичари: Израел падна од високо, Xамаc…

Политичкиот експерт Фахми Хуваиди рече дека прифаќањето…