Инфомакс доби одговор од МНР: Контактирано е семејството на починатиот Македонец во Софија – ова се деталите
Редакцијата на Инфомакс доби одговор официјален одговор за починатиот македонски државјанин во Софија од македонското МНР.
Веста за смртта на Стојан Спасов ја сподели негов пријател на социјалните мрежи кој потенцира дека и после два дена од неговата смрт молчат и државните институции и медиумите. Во моментов не е позната ниту причина за смрт иако неговиот пријател тврди дека тој е убиен.
Одговорот ви го пренесуваме во целост:
-Известуваме дека Министерството за надворешни работи на Република Македонија, веднаш штом доби информација за починат наш државјанин, С. С. во Република Бугарија, преку Амбасадата на Македонија во Софија, стапи во контакт со надлежните органи, од каде доби првични информации за случајот.
Преку Министерството за внатрешни работи веќе е стапено во контакт со семејството на починатиот во земјава, и истите се соодветно информирани за случајот.
Министерството за надворешни работи и Амбасадата во Софија стојат на располагање за комуникација и асистенција, како и во постојана и непосредна комуникација со надлежните органи на Бугарија кои ја водат истрагата.
За деталите на случајот јавноста ќе биде благовремено известена, велат од МНР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…
Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…
САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…
Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…
КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…
Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…
ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…
Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…
НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…