Инфомакс ексклузивно дознава: Димитров од Хан и Могерини барал апceње на Груевски – пред да отиде во шарените требало да биде амбасадор во Москва

t

“Сметам дека час поскоро потребно е да се уапси поранешниот премиер Никола Груевски доколку несакаме да дозволиме огромните напори на оваа влада за решавање на споровите со соседите а со тоа и европската агенда на Македонија да бидат ставени во ризик. Неговото оставање на слобода во овие круцијални историски моменти за државата е голем ризик и тоа ќе му овозможи да може да поттикне отпор со кој може да ја доведе во прашање и дури да ја попречи евроатлантската иднина на Македонија и започнатите реформи”.

Со овие зборови бил настапот на Никола Димитров во Брисел во првата половина на 2018 година во неформален разговор со Могерини и Хан но и во присуство на нивни и негови соработници вклучувајќи го и тогашниот негов шеф Заев.

Опиен од силата на моќта на власта од чии дел беше Димитров, како и од огромната подршка која владата во тој момент ја добиваше во Брисел, заради активното и брзо преговарање со Грција и ги започнуваше преговорите со Софија во делот на историјата по веќе потпишаниот договор за пријателство во Скопје, Димитров не бирал многу зборови во метрополата на ЕУ и Белгија, барајки политичка подршка за целосна елиминација и остранување на Груевски, а како залог ставајќи ја иднината на државата и договорот со Грција.

Ваквиот изненадувачки директен и отворен настап, без дипломатски ракавици од дипломат со солидно искуство како Димитров, за момент ги збунил присутните кои претпочитаат дипломатски речник за така чуствителни прашања.

Оваа информација која уште тогаш проструи во дел од македонските медиуми денес добива на поголема тежина, откако Никола Димитров резигниран затоа што веќе е изоставен од составот на новата влада, почна да се преставува како бранител на македонските национални интереси во преговорите со Бугарија, дури до мерка дека ако требало да ги прифатиме уцените на Бугарија, тогаш не ни требала ЕУ. За да не биде конфронтацијата директна со Заев, од чија моќ очигледно сеуште стравува Димитров, за таргет е одбран Бујар Османи, за кој се знае дека ништо неможе да потпише без одобрување од Премиерот и владата. Но всушност пораката и заканата е директно кон Заев , но и кон новиот премиер Ковачевски.

Така Никола Димитров во отсуство на Никола Груевски кој кон крајот на 2018 година во последен момент избегна апсење со барање политички азил во Унгарија, деновиве се обидува да се престави пред македонската јавност како искрен бранител на македонските национални интереси а пред само четири години нескриено и пред сведоци бараше апсења на политичари заради загушувања на секаков отпор против договорот со Грција и Бугарија, како и спроведувањето на тиранската платформа, сето тоа направено под превезот на наводна борба за справување со криминал. Всушност Димитров пред четири години барал апсења на оние кои имале позиции како што тој денес има, а променети преку ноќ откако ја прими информацијата дека нема да е дел од новата влада.

Инаку Никола Димитров всушност го подготви догооворт со Бугарија, ги водеше преговорите од почеток до крај, па се до парафирањето на договорот за пријателство на кој документ всушност денес се повикуваат Бугарите во нивните барања и настапи во ЕУ.

Никола Димитров е и творец и потписник на преспанскиот договор со кој се промени името на државата, Македонија се откажа од целокупната историја од античкиот период, АСНОМ се избриша од уставот и се откажавме од името на националноста, што значи и идентитетот на нацијата.

Претходно Никола Димитров со години беше советник на Груевски за надворешна политика, амбасадор во Холандија и специјален преставник на македонската влада во ЕУ во време на ВМРО-ДПМНЕ, но кога забележа дека е започната операција за смена на власта со цел инсталирање нова власт која ќе ги прифати барањата на Грција и Бугарија, Димитров преку ноќ се престрои, во последен момент го откажа заминувањето на новата амбасадорска позиција во Москва и се вклучи во протестите на шарената револуција и на СДСМ, подржани од надворешни центри на моќ, а организирани со цел за рушење на тогашната власт и како што тогаш Заев велеше – редефинирање на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„ВОЛСТРИТ ЖУРНАЛ“: Иран би можел да го…

Иран би можел да изврши напад врз…

ЗНМ и ССНМ: ОЈО да ја отфрли…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и…

Брнабиќ: Опозицијата има рок до утре до…

Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ денеска…

Грција нуди бесплатен одмор а 25.000 туристи:…

Страшните шумски пожари што ја опустошија Грција…

МВР: Во Тетово синоќа се пукало од…

Синоќа во 22.45 часот во СВР Тетово,…