Објавено на:

Инцидентот на летот на FlyDubai официјално е квалификуван како обид за тероризам

t

Генералното обвинителство на Обединетите Арапски Емирати официјално го квалификуваше нападот во авионот на FlyDubai, кој летал од Дубаи кон Тел Авив, како планирање и обид за извршување терористички акт, објавија светските агенции.

Според истрагата, копилотот го нападнал командантот на авионот, индискиот државјанин Смит Мачхара, со противпожарната секира и се обидел да ја преземе контролата врз леталото.

ABC News објави дека напаѓачот е 29-годишниот државјанин на Оман, Хамам Ал-Хамами. Неговите мотиви, како и евентуалните врски со други лица или организации, допрва треба да бидат утврдени. Според некои извори, тој признал дека сакал да го урне авионот.

И израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно изјави дека напаѓачот имал намера да го урне авионот заедно со патниците.

Во 2024 година, Хамам Ал-Хамами бил на обука за копилот во авиокомпанијата Oman Air, но бил отстранет поради неговите радикални ставови. Во FlyDubai се вработил пред осум месеци. Засега не е познато како ги поминал безбедносните проверки и како бил ангажиран како копилот на лет кон Израел.

FlyDubai ги суспендираше сите летови кон Израел до целосно разјаснување на околностите поврзани со инцидентот.

Инцидентот се случил на 30 септември. Во авионот Boeing 737 имало 174 патници, меѓу кои 27 деца. Леталото испратило сигнал за незаконско преземање на контролата, по што за само неколку секунди изгубило околу четири километри височина.

Иако бил тешко повреден, капетанот успеал да ја отвори вратата на пилотската кабина, овозможувајќи им на патниците и на другите членови на екипажот да го совладаат напаѓачот.

Потоа, двајца пилоти на FlyDubai, кои патувале како резервен екипаж, ја презеле контролата врз авионот и успешно го приземјиле во Саудиска Арабија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Авион полн со патници нагло се спуштил…

Пет лица се повредени откако патнички авион…

Аларм за бомба врати „Боинг“ назад во…

Патнички авион на лет од САД кон…

Руски ловци извршиле „опасни пресретнувања“ на британски…

Нова тензична ситуација и сериозен инцидент меѓу…

(Видео) Патник го снимил моментот кога авионот…

На социјалните мрежи се појави нова снимка…

Вонредно слетување на авион: Патник гризна член…

Австралиската авиокомпанија „Квантас“ беше принудена да го…