Објавено на:

Инцидент во Црниче: Се скарале во сообраќај, со возило удрил мотоциклист, па избегал од местото

t

По претходно недоразбирање во сообраќајот вчера на улица во скопско Црниче автомобил најпрво удрил во мотоцикл, а откако возачот се подигнал, удрил неколку пати во моторот и уште едно возило, по што возилото го напуштило местото. Случајот во полиција го пријавил 29-годишниот возач на мотоцикл, кој по инцидентот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Случајот, како што информираат од МВР, е пријавен вчера во 18:20 часот во СВР Скопје.

-Пријавено е дека на улица „Рилски Конгрес“ во Црниче, по претходно недоразбирање во сообраќајот, едно лице кое управувало патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрило во мотоцикл управуван од Г.Н.(29) од скопско, кој паднал од ударот, а откако се подигнал, според пријавеното, возачот на возилото „пежо“ го придвижил возилото и неколку пати удрил во мотоциклот, како и во патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.О.(44). Потоа, според пријавеното, Г.Н. се фатил за предната врата на возилото „пежо“, но тоа продолжило да се движи и да го влече неколку метри, по што Г.Н. паднал, а лицето со возилото го напуштило местото на настанот. Г.Н. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош- се вели во соопштението од МВР.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…