Ин мемориам: Почина Антон Андов, уредник на постпродукција на „Слободен печат“

t

На 55-годишна возраст вчера ненадејно почина Антон Андов, уредник на постпродукција и графика во „Слободен печат“.

Нашиот колега Антон остави белег во македонската продукција со својата богата професионална кариера. Тој претходно беше дел од екипите на А1 телевизија, Канал 5 телевизија и продукциите „Видео лаб“ и „Прва продукција“.

Погребот ќе се изврши утре, 18 април 2024, на Градските гробишта „Бутел“. Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата „Бутел“, од 12 до 13 часот.

Неговиот ведар дух, колегијалност и исполнителност ќе останат засекогаш запаметени. Зад себе ги остави сопругата и двете деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемиувачко видео) Еве како изгледа фронтот после…

Снимена грозоморна сцена по борбата тело в…

Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и…

На барање на Европското јавно обвинителство (ЕППО)…

Ние кога… До 2030 година Албанија со…

Албанската министерка за туризам и животна средина,…

Ахмети денес ќе биде прогласен за почесен…

Лидерот на Демократска унија за интеграции, Али…

Ја запалиле викендицата на директорот на германски…

Изгоре колибата на Армин Пејпергер, директорот на…