Ирак се закани со прекин на дипломатските односи со Шведска доколку уште еднаш биде запален Куранот
Ирак денеска објави дека се закани дека ќе ги прекине дипломатските односи со Шведска, доколку Куранот повторно биде запален во таа земја.
Ирачката влада преку дипломатски канали ја известила владата на Шведска дека секое повторување на инцидентот, во кој Куранот е запален на шведско тло, ќе бара прекин на дипломатските односи, се вели во соопштението на ирачката влада, пренесе Ројтерс.
Владата наведува и дека Ирак го смета нападот врз шведската амбасада во Багдад за нарушување на безбедноста што мора веднаш да се реши.
Стотици демонстранти утрово упаднаа во шведската амбасада во центарот на Багдад, главниот град на Ирак, прескокнувајќи ги ѕидовите и палејќи оган во знак на протест против најавеното палење на Куранот во Шведска.
Според очевидци на Ројтерс, ирачките безбедносни сили се распоредени во внатрешноста на амбасадата, а од зградата извира чад додека пожарникарите го гаснеа пожарот.
Поголемиот дел од демонстрантите се повлекоа, а претходно фрлаа со камења врз припадниците на безбедносните сили.
Шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром изјави дека персоналот на амбасадата е безбеден, но дека ирачките власти не успеале да ја заштитат амбасадата во согласност со Виенската конвенција.
Билстром истакна дека она што се случи е целосно неприфатливо и дека шведската влада е во контакт со високи ирачки претставници за да го изрази својот протест поради инцидентот.
Шведската влада овој месец соопшти дека размислува за промена на законот за да и дозволи на полицијата да го спречи јавното палење на Куранот доколку тоа ја загрозува безбедноста на Шведска.
Шведската полиција во средата го одобри барањето две лица да го запалат Куранот и ирачкото знаме на денешната јавна средба пред ирачката амбасада во Стокхолм, а ќе учествува и човекот кој во јуни го запали Куранот пред Стокхолмската џамија, објави шведската новинска агенција ТТ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Или сте со нас, или против нас“…
Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…
Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…
Вкупно 757 американски војници се ранети од…
Трамп ја најави „најсуровата економска операција“ против…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави нова кампања…
НАТО до Иран: „Подготвени сме да се…
НАТО испрати јасна порака до Техеран дека…
Во Иран се егзекутирани најмалку 900 луѓе…
Иран егзекутирал најмалку 900 луѓе од почетокот…