Иранскиот претседател: Трамп мисли дека може да го фрли Иран на колена, нема да потклекнеме
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, во говорот по повод 46-годишнината од револуцијата со која беше соборена монархијата на Пахлави, го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека сака да ја фрли Исламската Република на колена.
„Трамп вели – сакаме да разговараме со Иран и потпишува меморандум со кој сака да ја фрли на колена нашата револуција“, рече Пезешкијан пред толпата во Техеран.
Тој мислеше на документот потпишан од американскиот претседател минатата недела, кој предвидува нови санкции, особено против иранскиот нафтен сектор.
„Ние не бараме војна“, рече иранскиот претседател додавајќи дека неговата земја „никогаш нема да потклекне“.
Иранците денеска ја слават 46-годишнината од победата на Исламската револуција излегувајќи на улиците на Техеран и низ целата земјата. Од понеделник наутро државната телевизија емитува снимки од населението на улиците на градовите и селата, придружени со забавна музика и патриотски песни. Многумина извикуваат антиамерикански и антиизраелски слогани, носат зелено-бело-црвени ирански знамиња, како и оние на Хезболах и портрети на ајатолахот Хомеини.
Со прославите се одбележува падот на монархијата управувана од шахот Реза Пахлави и тие започнуваат секоја година на 31 јануари, датумот на враќањето на ајатолахот Хомеини во Техеран во 1979 година, по егзилот во Париз. Во изминатите денови, многубројни ирански претставници го повикаа населението во што поголем број да учествува на прославите.
On the anniversary of the 1979 Islamic Revolution, Iranian President Masoud Pezeshkian accused US President Donald Trump of seeking to bring Iran "to its knees" pic.twitter.com/42Of2TEqEf
— The New Region (@thenewregion) February 10, 2025
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…