Иранските хакери ја претркаа албанската полиција: Знаат кој го нападна Бериша и ќе објават
Иранските хакери од групата „Татковинска правда”, кои извршија напад врз албанската инфраструктура летово, при што успеаја да украдат огромно количество доверливи информации, вечерва реагираа со објава на Телеграм во врска со напаѓачот кој денеска на протестот на опозицијата во Тирана со тупаници го нападна опозицискиот лидер Сали Бериша.
Тие напишаа дека неговото име се појавува во неколку полициски бази на податоци, па дури и предупредија дека во наредните денови ќе ги објават податоците за ова прашање.
– Гент Шеху е во неколку полициски бази на податоци, сите игри на корумпирани политичари. Ќе продолжиме да објавуваме фајлови, пишуваат хакерите.
Бериша, во изјава по протестот, обвини дека 31-годишниот Шеху е инфилтриран полициски агент.
Тоа веднаш го отфрли генералниот директор на полицијата Мухамет Румбулаку, кој рече дека Шеху ниту бил ниту е во која било полициска структура.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија го освои вториот медал на олимписките…
Aлбанија стигна и до вториот медал на…
Албанија отвора камп за мигранти од Италија
Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп…
Ѓурѓај: Исправен терминот „северномакедонци“ во резултатите од…
Народниот правобранител на Албанија одговори на дописот…
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…
Хаос во Венецуела: Властите обвинуваат хакери од…
Големи немири избиле во главниот град на…