Иранските хакери ја претркаа албанската полиција: Знаат кој го нападна Бериша и ќе објават

t

Иранските хакери од групата „Татковинска правда”, кои извршија напад врз албанската инфраструктура летово, при што успеаја да украдат огромно количество доверливи информации, вечерва реагираа со објава на Телеграм во врска со напаѓачот кој денеска на протестот на опозицијата во Тирана со тупаници го нападна опозицискиот лидер Сали Бериша.

Тие напишаа дека неговото име се појавува во неколку полициски бази на податоци, па дури и предупредија дека во наредните денови ќе ги објават податоците за ова прашање.

– Гент Шеху е во неколку полициски бази на податоци, сите игри на корумпирани политичари. Ќе продолжиме да објавуваме фајлови, пишуваат хакерите.

Бериша, во изјава по протестот, обвини дека 31-годишниот Шеху е инфилтриран полициски агент.

Тоа веднаш го отфрли генералниот директор на полицијата Мухамет Румбулаку, кој рече дека Шеху ниту бил ниту е во која било полициска структура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еди Рама: Никој не може да ме…

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека…

(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…

Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…

И неговите се свртеа против Еди Рама…

Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…

Илјадници млади на улиците во Италија и…

Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…

(Видео) Хаос во Албанија: Горат министерства и…

Албанија трет ден се соочува со масовни…