Ирански медиум тврди: Моџтаба Хамнеи може да почине во секој момент
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, е во исклучително критична состојба и може да почине во секој момент, објави „ИранВајр“, повикувајќи се на два извори блиски до администрацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.
Според изворите, Хамнеи не се сретнал со ниту еден член на кабинетот по нападот на САД врз комплексот на Врховниот лидер и убиството на неговиот татко и други членови на семејството на 28 февруари.
Тие тврдат дека во највисоките редови на режимот во Техеран кружат гласини дека тој е во исклучително критична состојба и може да почине во секој момент.
Откако ја презеде функцијата лидер, Моџтаба Хамнеи не се појавил јавно, ниту одржал говори, потсетува „ИранВајр“, додавајќи дека официјалните новински агенции објавиле само неколку писма што му се припишуваат.
Ова отсуство ги поттикна шпекулациите за здравјето и преживувањето на третиот врховен лидер на Исламската Република.
Извор близок до кабинетот на Пезешкијан, потврдувајќи дека досега ниту еден член на кабинетот не се сретнал со Моџтаба Хамнеи, рече дека неговата физичка состојба е лоша.
„Не би биле изненадени ако наскоро слушнеме вести за неговата маченичка смрт“, изјави неименуваниот извор за „ИранВајр“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Војната во Иран практично е завршена
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Иран: Развивме подземни комплекси за производство на…
Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ)…
САД нудат награда од 20 милиони долари…
Соединетите Американски Држави нудат награда до 20…