Објавено на:

Ирански министер: Доколку веднаш не престанат нападите врз Газа можно е ширење на насилството

t

Иранскиот министер за надворешни работи ова го кажа по состанокот со неговиот либански колега Абдала Бу Хабиб, во Бејрут, на кој двајцата повикаа на прекин на нападите врз Газа.

Гардијан пренесува дека министерот Амир-Абдолахиан се сретнал и со лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, како и со премиерот на либанската преодна влада Наџиб Микати и со претседателот на парламентот на земјата.

-Она што е чудно е што додека Америка ги повикува страните на воздржаност, во исто време им дозволува на ционистичките криминалци да убиваат жени, деца и цивили во Газа, рече шефот на иранската дипломатија.

Амир-Абдолахиан додаде дека Америка не може да испраќа оружје и бомби кои убиваат жени и деца во Газа, а во исто време повикува на воздржаност.

-Безбедноста и зачувувањето на мирот во Либан ни се важни, изјави ирански претставник по средбата со Микати.

Пред да допатува во Бејрут шефот на иранската дипломатија го посети и Багдад, а во текот на денешниот ден треба да отпатува за сириската престолнина Дамаск.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ангелов: Ја изгубивме контролата над пожарот во…

Центарот за управување со кризи известува дека…

Македонија и Kосово ја зајакнуваат царинската соработка:…

Царинските управи на Македонија и Косово во…

Американски воен транспортен авион слета во Москва,…

Американски воен транспортен авион утрово слетал на…

15-годишник приведен во Скопје, управувал мотоцикл без…

Вчера во 20:20 часот во Скопје, полициски…

Трамп сака да го преименува езерото Онтарио…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека…