Објавено на:

Ирански хакери го нападнаа албанскиот парламент

t

Веб-страницата на албанскиот парламент денеска беше цел на кибернапад за кој одговорност презеде иранската хакерска група „Татковинска правда“. На почетната страница накратко се појави порака во која групата тврди дека дошла до интерната комуникација на пратениците.

Во објавата се наведува дека „сите разговори и преписки на корумпираните членови на парламентот во последните неколку месеци се во рацете на групата“. Хакерите во пораката упатија и директна закана до албанските власти, тврдејќи дека се „многу поблиску отколку што мислат“ и дека „овој срам ќе остане со нив засекогаш“.

Неколку часа подоцна веб-страницата на парламентот повторно функционираше нормално, а институциите засега не соопштија дополнителни детали за евентуална штета или протекување на податоци.

Нападот доаѓа во период на затегнати односи меѓу Албанија и Иран. Тирана во септември 2022 година ги прекина дипломатските односи со Техеран, обвинувајќи го за масовен кибернапад врз албанските државни институции.

Во меѓувреме, медиумите неодамна објавија дека иранската Исламска револуционерна гарда разгледувала можност за напад врз кампот на Народните муџахедини на Иран (МЕК) во Албанија. Портпаролот на организацијата Шахријар Киа ги отфрли тие информации, оценувајќи ги како пропаганда.

Во кампот Ашраф-3, кој се наоѓа во близина на Драч, од 2013 година се сместени повеќе од 3.000 членови на МЕК. Албанскиот премиер Еди Рама вчера изјави дека земјата, како членка на НАТО, останува безбедна и покрај тензиите на Блискиот Исток.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Цариници спречија шверц на злато вредно…

Цариниците на граничниот премин Хоргош спречиле обид…

„Ова е веројатно најстуденото лето во следните…

По екстремните топлотни бранови и поројните дождови…

72-годишна мајка нападната од ќерката, татко повреден…

Серија случаи на семејно насилство и инциденти…

Медузи ги запреа трите реактори на една…

Голем рој медузи предизвика привремено запирање на…

Судијата што се спротивстави на Орбан е…

Важи за еден од најценетите унгарски правници,…