Иран бара надомест од 2 милиони долари по брод за Ормутскиот теснец?
Иран презентираше предлог од 10 точки за прекин на застојот со САД и Израел, кој вклучува наметнување надомест од околу 2 милиони долари по брод за премин низ Ормутскиот теснец, а приходите ќе се користат за обнова на инфраструктурата уништена од нападите на САД и Израел, објавија медиумите, повикувајќи се на извори.
Двајца високи ирански функционери, зборувајќи под услов да останат анонимни, рекоа дека предлогот вклучува гаранција дека Иран нема повторно да биде нападнат, крај на израелските напади врз Хезболах во Либан и укинување на сите санкции. За возврат, Иран би ја укинал својата фактичка блокада на теснецот и би ги споделил приходите со Оман, додека целиот предлог би вклучувал протокол за безбедно преминување, обнова на инфраструктурата и прекин на регионалните непријателства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бесент: Иран се соочува со историски економски…
Иранската економија се соочува со еден од…
Трамп: Војната во Иран практично е завршена
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Иран: Развивме подземни комплекси за производство на…
Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ)…