Иран би можел до 10 атомски бомби за три до шест месеци – најнови проценки на американските разузнавачи
Временската рамка за Иран за изработка на нуклеарно оружје е непроменета од минатото лето, покажуваат најновите американски разузнавачки податоци, наведуваат три извори запознати со случајот за „Ројтерс“.
Проценките за нуклеарната програма на Техеран остануваат главно непроменети и по два месеца од војната што ја почна американскиот претседател Доналд Трамп. Заедничките напади на САД и на Израел од 28 февруари беа насочени главно кон конвенционални воени цели, иако Израелците гаѓаа и низа нуклеарни постројки.
Според проценките на Меѓународната агенција за атосмака енергија, вкупните залихи на високо збогатен ураниум на Иран би биле доволни за изработка до 10 атомски бомби, доколку дополнително би се збогатиле. Според проценките, пак, на американските разузнавачки агенции, Иран би можел да произведе доволно материјал за нуклеарна бомба во рок од три до шест месеци.
Непроменетата временска рамка сугерира дека посериозно забавување на иранската нуклеарна програма бараше уништување или отстранување на преостанатите залихи на високо збогатен ураниум.
Војната на Блискиот Исток моментно е во прекин по примирјето што го постигнаа САД и Иран на 7 април, со цел продолжување на мировните преговори. Но, тензиите и натаму се високи. Иран го ограничува поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец, со што се блокирани 20 отсто од светските испораки на нафта и предизвикана е глобална енергетска криза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…
„Во куќата на Зоран Заев во Грција…
„Фемицидот мора да се спречи пред да…
Мирен протест со пораката „Стоп за фемицидот“…
Студентската листа ја освои Србија, сега отвора…
Претставници на Студентската листа, која победи на…
Меџити: Не размислуваме секогаш исто со Мицкоски,…
Копретседателот на Вреди Изет Меџити, во изјава…
МНОЗИНСКИОТ СОПСТВЕНИК ВО „ИЛОВИЦА“ ИНВЕСТИРА НАД МИЛИЈАРДА…
Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата…