Иран воведува нов механизам за транзит низ Ормутска Теснина
Иран воведе нов механизам за управување со поморскиот сообраќај низ Ормуска Теснина, јавија иранските медиуми.
За новиот механизам формирано е ново тело наречено Управа на Персиски Залив (Persian Gulf Strait Authority). Сите пловни објекти кои планираат да поминат низ Ормуска Теснина ќе добијат електронска порака од Управата на Персиски Залив, во која ќе бидат наведени новите правила и прописи.
Предвидено е бродовите пред влегување во Ормуска Теснина да добијат посебна дозвола за транзит.
Претходно, САД најавија операција Проект слобода, со цел да обезбедат сигурен премин на бродовите низ Ормуска Теснина. На тоа денеска реагираше морнарицата на Иранска револуционерна гарда, предупредувајќи ги бродовите да не отстапуваат од рутата одредена од Техеран, а во спротивно ќе се соочат со напади. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен 37-годишен дрвокрадец во Кучевиште
МВР информира дека вчера попладне околу 19:00…
Mирен протест во Богданци во чест на…
Мирен протест под пораката „Стоп за фемицидот“…
Од денеска исплата и на социјалната помош…
Корисниците на социјална помош кои имаат сметки…
Берзански земјотрес поради вештачката интелигенција — „избришани“…
Распродажбата на акциите на технолошките компании се…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…