Иран ги прекинува нападите врз Израел
Иран ги прекинува нападите врз Израел откако даде „болен одговор“ за израелските напади врз Либан, соопшти денеска иранската војска на националното радио, пренесе ДПА.
Одлуката следи откако во текот на ноќта и утрово Израел и Иран изведоа повеќекратни напади што претставуваше најсериозната ескалација откако во април стапи на сила прекинот на огнот во војната меѓу САД и Израел против Иран.
Иран синоќа лансираше ракети кон Израел, како одговор на израелските напади врз либанскиот главен град Бејрут, поттикнувајќи го Израел рано утринава да нападне цели низ Иран, додека истовремено продолжија и иранските напади врз Израел, потсетува германската агенција.
Ескалацијата на борбите означи сериозен удар врз напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја заврши војната. Трамп денеска ги повика двете страни еднаш да престанат со „пукањето“, откако наводно го замолил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не возвраќа по иранските напади.
Само неколку часа подоцна, иранското воено раководство објави изненадувачки крај на операциите.
Исламската Република му даде „болен одговор“ на Израел во поддршката за Либан, се наведува во соопштението. „Во овој контекст, со ова се објавува суспендирање на операциите на вооружените сили“, се додава во соопштението на иранското воено раководство, пренесено од ДПА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
Трамп: Војната во Иран практично е завршена
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…