Иран дозволи премин на кинески бродови низ Ормутска Теснина
Иран им дозволи на одредени кинески бродови премин преку Ормутска Теснина откако со Кина беше постигнат договор за иранските правила за управување со мореуз, јави иранската новинска агенција Фарс.
Неименуван извор за Фарс изјави дека одлуката е донесена на барањето на шефот на кинеската дипломатија и кинескиот амбасадор во Техеран да се олесни преминот на кинеските бродови низ Ормутска Теснина во согласност со стратешкото партнерство помеѓу Иран и Кина.
Иран значително го ограничи сообраќајот низ Ормутскиот теснец откако почнаа нападите на САД и Израел на 28 февруари. Блокадата на иранските пристаништа од страна на САД, воведена неколку дена по договорениот прекин на огнот на почетокот на април, ја продолжи кризата со енергенсите.
Податоците за следење на бродовите покажаа дека кинески супертанкер што превезувал два милиони барели ирачка сурова нафта, вчера поминал низ Ормутска Теснина, откако беше блокиран во Персиски Залив повеќе од два месеци поради војната меѓу САД и Иран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови…
На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени…
Пандов на средба со делегација на Европскиот…
Директорот на Управата за извршување на санкциите,…
Македонски државјанин убиен во Германија
Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…
72-годишен Полјак се преценил кај Куратица —…
Пензионер од Полска одбрал авантуристички да го…
МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…
Министерството за образование и наука (МОН) како…