Иран е подготвен за договор со светските сили ако САД ги исполни своите обврски
Иран ја потврдува својата подготвеност да постигне „добар договор“ со светските сили, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Саид Хатибзаде.
Тој, исто така, ги обвини САД за одолговлекување на преговорите за обновување на нуклеарниот пакт од 2015 година. -И денес сме подготвени да се вратиме во Виена за да постигнеме добар договор, под услов официјален Вашингтон да ги исполни своите обврски, рече Хатибзаде.
Во март, оживувањето на иранскиот нуклеарен договор со светските сили се чинеше близу, но разговорите заглавија околу тоа дали САД би можеле да го отстранат Корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), кој ги контролира елитните вооружени и разузнавачки ресурси на Техеран, од нивната листа на терористички организации, а кои Вашингтон го обвинува за глобална терористичка кампања.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се повлече од нуклеарниот договор со Иран во 2018 година, поради што Техеран, една година подоцна, повторно почна да ги крши основните нуклеарни ограничувања.
Минатата недела САД соопштија дека чекаат конструктивен одговор од Иран за обновување на договорот, без „дополнителни“ услови, што очигледно се однесува на барањето на Иран да ја отстрани Револуционерната гарда од американската листа на терористички организации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
Кина прекина со извоз на горива поради…
Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…