Објавено на:

Иран заплени па ослободи американски дрон

t

Пентагон денеска соопшти дека ирански брод запленил поморски беспилотно летало на американската морнарица, но дронот бил ослободен откако на местото на инцидентот биле испратени американски патролен брод и хеликоптер.

Дронот „Сејлдрон експлорер“ (Saildrone Explorer) опремен со сензори, радари и камери се наоѓал во меѓународните води на Персискиот Залив и собирал навигациски и други податоци, се наведува во соопштението на Централната команда на американската Петта флота.

Дронот е опремен со цврсто крило, што наликува на едро високо пет метри, кое има соларни панели, се движи со помош на сончева енергија и ветер и може да врши мисија до една година, а со него се управува и од далечина. Дронот може да собере широк опсег на океански, метеоролошки и навигациски податоци, како и стратешки информации.

Во соопштението на Петтата флота се наведува дека дронот е во сопственост на американската Влада, но дека технологијата е комерцијално достапна и не содржи чувствителни или доверливи информации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Војната во Иран практично е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Иран: Развивме подземни комплекси за производство на…

Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ)…

САД нудат награда од 20 милиони долари…

Соединетите Американски Држави нудат награда до 20…