Иран: За „ширење невистини“ уапсена Таране Алидости, позната актерка и добитничка на Оскар

t

Во оваа држава протестите за женските права кои траат веќе 4 месеци постепено се претвораат во бунт против режимот.

Таранех Алидости објави на Инстаграм за егзекуцијата на ирански демонстрант. Тоа доаѓа откако во ноември постави слика на која е без марама на која носи натпис: „Жена. Живот. Слобода“.

Една од најпознатите ирански актерки е уапсена и обвинета за „ширење невистини“, соопштија државните медиуми.

Актерката е приведена една недела откако објави на Инстаграм за првиот човек што беше погубен поради актуелните протести низ целата земја.

38-годишната ѕвезда напиша: „Се викаше Мохсен Шекари. Секоја меѓународна организација која го следи ова крвопролевање и не презема ништо, е срам за човештвото“.

Според ИРНА, официјалната новинска агенција на Исламската Република, таа била уапсена откако не доставила „никаков документ во согласност со нејзините тврдења“.

Нејзиниот профил на Инстаграм, кој има повеќе од осум милиони следбеници, е суспендиран.

Демонстрации го зафатија Иран во септември по смртта на 22-годишната Махса Амини, која беше уапсена затоа што не ја носела марамата.

Оттогаш, протестите станаа еден од најсериозните предизвици за иранскиот режим од Исламската револуција во 1979 година, пишува Скај Њуз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет активни пожари во земјава, огнот зафати…

Во Македонија до 13 часот денеска се…

Цените на нафтата паѓаат трет ден по…

Цените на нафтата продолжија да паѓаат трет…

Секое десетто дете во Македонија било жртва…

Едно од десет деца (10% од децата)…

Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна…

„Добредојдовте на еден проект којшто за сите…

СДСМ бара намалување на ДДВ за горивата…

ДДВ за горивата да се намали од…