Објавено на:

Иран контра Трамп: Отворањето на Ормускиот Tеснец зависи од САД

t

Иран нема повторно да го отвори Ормускиот Теснец, клучна поморска рута за светската трговија, сѐ додека  Соединетите Американски Држави не ги исполнат обврските преземени со рамковниот договор склучен во јуни.

„Теснецот нема да биде отворен сѐ додека обврските што ги презедоа САД, а се утврдени во Меморандумот за разбирање, не бидат спроведени“, изјави во вторникот главниот ирански преговарач Мохамед Багер Галибаф во говор пренесуван на државната телевизија.

Барања на Техеран

Галибаф наведе дека Иран бара укинување на американската блокада на иранските пристаништа, деблокирање на замрзнатите ирански средства, укинување на ембаргото за извоз на нафта, како и „крај на воените операции на сите фронтови“.

Набргу по почетокот на  нападите на САД и Израел врз Иран  на 28 февруари, Техеран де факто го затвори Ормускиот Теснец, кој е од клучно значење за глобалниот транспорт на нафта и течен природен гас. Овој потег доведе до значително зголемување на цените на енергенсите на светските пазари.

Иран во моментов бара посебна дозвола и наплата на такса за премин низ теснецот.

Нерешен спор и нови закани

Во средината на јуни, САД и Иран потпишаа рамковен договор, кој според првичните планови требаше да доведе до мировен договор во рок од 60 дена.

Сепак,  спорот околу Ормускиот Теснец  останува нерешен.  Иран и соседниот Оман, кој исто така излегува на теснецот, веќе со недели разговараат за идниот режим на пловидба низ оваа стратешки важна морска рута.

Според информациите на телевизијата „Фокс њуз“, американскиот претседател  Доналд Трамп  во понеделникот  му се заканил на Султанатот Оман со воени напади  доколку се спротивстави на договор меѓу Вашингтон и Техеран за Ормускиот Теснец.

Во исто време, тој побарал и капитулација на Иран.

Во својот говор, Галибаф порача дека Иран е „подготвен да му нанесе уште поразорен пораз на непријателот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран контра Трамп: Отворањето на Ормускиот Tеснец…

Иран нема повторно да го отвори Ормускиот…

Трамп: Нема преговори со Иран, Ормускиот Теснец…

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека во…

Европската Унија останува главен трговски партнер на…

Европската Унија (ЕУ) останува главен трговски партнер…

Во движење се запали автобус на ЈСП:…

Вчера околу 15:00 часот во СВР Скопје,…

Проданоски: Сите ресурси се ставени во функција…

Пожарот што го зафати селото Чаниште и…