Иран може да очекува дополнителни санкции од Европската Унија, вели Шолц

t

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска упати остра критика на иранската влада за нејзиното крваво задушување на протестите во земјата и рече дека Германија стои „рамо до рамо со иранскиот народ“.

Шолц рече дека протестите предизвикани од смртта на 22-годишната Махса Амини на 16 септември, откако таа беше приведена од иранската полиција за морал, веќе не е само борба „поради кодекс на облекување“, туку прерасна во борба за слобода и правда.

„Не можеме да замислиме колкава храброст е потребна за тоа. Досега животот го загубија 300 луѓе, десетици се осудени на смрт, а повеќе од 14.000 се уапсени“, рече Шолц.

Тој додаде дека оние кои демонстрираат против угнетувањето во Иран ги ризикуваат своите животи, а често и животите на своите најблиски, и се соочуваат со можност за тортура и долги затворски казни.

„Јасно е дека иранската влада е единствено одговорна за овој бран на насилство“, рече Шолц, додавајќи дека ќе се воведат дополнителни санкции врз Иран поради неговата брутална акција и одлуката да испрати стотици беспилотни летала во Русија за употреба во војната во Украина.

Се очекува министрите за надворешни работи на Европската унија да се договорат за дополнителни санкции на состанокот во понеделник.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок вчера ги отфрли обвинувањата на нејзиниот ирански колега дека зазема „интервенционистички“ став во однос на протестите во Иран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Костадинов: СДСМ да предложи да се намалат…

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, даде…

ЕКСПЕРТИТЕ ОЧЕКУВААТ МАКЕДОНИЈА ДА ФАТИ ЧЕКОР ВО…

Ќе остане ли Македонија нем набљудувач во…

Изминатото деноноќие уапсени 12 возачи – Десетмина…

Во текот на изминатото деноноќие на целата…

Промовирана интерактивна веб страница за западнонилска треска

Министерството за здравство денеска ја промовираше новата…

Тошковски: Сите 310 кандидати ќе бидат примени…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во…