Иран нападна грчки товарен брод во Ормутскиот теснец
Товарен брод поврзан со Грција беше нападнат во близина на Ормутскиот теснец, но сè уште не е јасно дали Иран го заплени, изјави грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис.
Во разговор за емисијата „Connect the World“ на Си-Ен-Ен, Герапетротис рече: „Можам да потврдам дека имало напад врз грчки товарен брод, но не можам да потврдам дека бил запленет од Иранците“.
Тој ја опиша ситуацијата како „доста загрижувачка“ и ги повика сите бродови во грчка сопственост да избегнуваат поминување низ оваа клучна морска рута.
– Станува збор за брод под либериско знаме, во сопственост на Грција, кој се обидуваше да го напушти Ормутскиот теснец – додаде Герапетритис.
– Издадовме општо предупредување до сите бродови во грчка сопственост да бидат исклучително внимателни, да покажат максимална воздржаност и да избегнуваат преминување на теснецот – додаде тој.
Според иранските медиуми, бродот бил еден од трите што биле цел на иранската Револуционерна гарда.
Два други брода биле запленети и пренасочени во иранските територијални води, објави оваа формација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гостиварец се обидел да спречи тепачка меѓу…
Гостиварец бил физички нападнат додека се обидувал…
Иран егзекутира млада жена: тврдела дека убила…
Иран егзекутира млада жена која тврдела дека…
Речиси секој четврти Македонец е пушач –…
Македонија се наоѓа во групата земји со…
10 земјотреси во светот во 2026 година…
Силниот земјотрес што во понеделникот ја погоди…
(Видео) Царината спречи шверц на 3.000 игли…
На граничниот премин Блато спречен е обид…