Иран не е пречка за пловидба низ Ормутскиот теснец, САД се виновни за блокадата, вели Арагчи
Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, денеска изјави дека Техеран не поставува пречки за пловидбата низ Ормутскиот теснец и ги обвини Соединетите Американски Држави дека се одговорни за тензиите и блокадата во регионот.
Во интервју за иранската државна телевизија „Прес ТВ“, кое го пренесе агенцијата Тасним, Арагчи истакна дека теснината останува отворена за комерцијален сообраќај, но дека бродовите мора да соработуваат со иранските поморски сили.
„Ормутскиот теснец е отворен за сите комерцијални бродови, но тие мора да соработуваат со нашите поморски сили“, рече Арагчи.
Тој оцени дека актуелната состојба во морскиот премин е последица на американските потези во регионот.
„Ние не создадовме никакви пречки! Америка е таа што ја создаде блокадата“, рече шефот на иранската дипломатија.
Арагчи изрази надеж дека кризата ќе биде надмината со укинување на, како што наведе, „нелегалната блокада“ воведена од САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД потрошиле над 47 милијарди долари за…
Американските вооружени сили потрошиле над 47 милијарди…
Трамп нуди награда од милион долари за…
Американскиот претседател Доналд Трамп нуди награда од…
САД подготвени за голем напад врз Иран…
Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) и американските…
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…
(Видео) Силна експлозија пријавена во Техеран, активна…
Силна експлозија наводно се слушнала во населбата…