Објавено на:

Иран: Ормутскиот теснец ќе се затвори повторно ако продолжи американската блокада

t

Иран предупреди дека повторно би можел да го затвори Ормутскиот теснец доколку продолжи американската блокада на иранските пристаништа, пренесува ДПА.

„Доколку блокадата продолжи, Ормутскиот теснец нема да остане отворен“, напиша рано утринава претседателот на иранскиот парламент, Мохамед-Багер Галибаф, на платформата Икс.

Тој додаде дека транзитот низ овој клучен воден пат, од огромно значење за глобалниот пазар на нафта и гас, ќе се одвива по „одредена рута“ и само со „иранско овластување“.

По неколкунеделна блокада поврзана со конфликтот меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга, властите во Техеран вчера соопштија дека танкерите и трговските бродови повторно ќе можат да минуваат низ Ормутскиот теснец за време на прекинот на огнот.

Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, најави повторно отворање на мореузот, но посочи дека САД ќе ја задржат поморската блокада, која се однесува на бродови што пловат кон и од Иран.

Неговата објава на платформата „Трут соушал“, во која наведе дека блокадата ќе остане „сè до целосно склучување на нашите договори со Иран“, предизвика остри реакции во Техеран.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, исто така упати предупредување до САД. Како што јавува агенцијата Тасним, тој оценил дека поморската блокада претставува прекршување на прекинот на огнот и најавил соодветен одговор од Иран.

Галибаф нагласи дека одлуката дали преминот ќе биде отворен или затворен, како и правилата за негово користење, ќе се утврдуваат „на терен, а не преку социјалните медиуми“.

Тој го обвини Трамп за изнесување лажни тврдења и додаде дека со таков пристап САД нема да постигнат напредок во преговорите, пренесе ДПА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Волстрит џурнал“: САД ги предупредија земјите од…

САД информираа неколку арапски земји од Персиски…

САД потрошиле над 47 милијарди долари за…

Американските вооружени сили потрошиле над 47 милијарди…

Трамп нуди награда од милион долари за…

Американскиот претседател Доналд Трамп нуди награда од…

САД подготвени за голем напад врз Иран…

Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) и американските…

„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…

Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…